- Запознавање со професијите кројач, шивач, моден дизајнер
- Збогатување на детскиот речник
- Поттикнување на детската креативност
- Развивање на фината моторика
Тек на активноста: Најпрво на дадениот линк погледнете ја приказната а потоа поведете разговор со децата за професиите кројач, шивач, моден дизајнер. Што работат, кои алатки за работа им се потребни, видови облека.
Креативна игра: Заедно со децата нацртајте или изработете облека за нивната омилена кукла.