Игри без граници
Градинката беше домаќин на традиционалните Игри без граници кои секоја година се организираат во рамки на Детската недела. Оваа година игрите без граници се реализираа под мотото "Имам право на среќно детство" а учество земаа 200 деца од постарите возрасни групи од 5-6 години од градинките: ЈУДГ "Детска Радост" - Гази Баба, ЈОУДГ "Ангел Шајче" Куманово, ЈОУДГ "Астибо" Штип, ЈОУДГ "Дететлинка" Крива Паланка, ПОУ "Иднина".