Новогодишно китење на елките во Кабинетот на Претседателот
Децата од постарата воспитна група од 5-6 години од објектот Калинка, заедно со децата од дневниот центар ДСУРО „Наум Охридски" од Тетово и децата од СОС Детското село, беа госсти во Кабинетот на Претседателот и учествуваа во претпразнично дружење и китење на новогодишните елки. Децата беа придружувани од воспитувачот Виолета Петковска, негователот Љубуца Коцеска и стручните соработници Марјан Богојевски и Владимир Спасовски кои за децата ја изведоа новогодишната претсава „Снегулката и Дедо Мраз“.