Вежби за внимание и концентрација
Внимание и концентрација кај деца од предучилишна возраст Концентрацијата кај децата се менува низ развојните фази, но за секоја возраст постојат игри и начини како најдобро да се продолжи и стимулира. Родителите најчесто приметуваат дека детето има потешкотии во задржување на внимание кон одредена активност повеќе од 15тина минути кога детето ќе појде на училиште. За да се избегнат дополнителни проблеми во однос на однесувањето на децата, вниманието и конценатрацијата треба да се вежба од најрана возраст. За исполнување на слободното време на детето во најраниот периот тоа треба да бидат придружувано од родителот во играта и да се поттикнува да ја исполни активноста до самиот крај. Во текот на летниот период кога децата се послободни, возрасните треба да ги стимулираат децата на активна игра и се помалку користење на електронски уреди во домот. Подолу следат неколку идеи за игра со децата: Во текот на овие активности потребно е родителот постојано да зборува и да му објаснува што играат и да го поттикнува и охрабрува детето задачата да ја заврши до крај, со тоа што активноста дополнително ќе помогне и во развивање на говорно-јазичното подрачје кај детето. Специјален едукатор и рехабилитатор, Ема Митевска