Претстава „Подај рака“
Во објектот Темјанушка се реализираше претстава „Подај рака“ од Театар на родители од возрасна група 2-3 години заедно со воспитувачот Наташа Поповска на која специјални гости беа децата од Невладина организација ИРХОМ - Топаана. Родителите собраа средства и доделија пакетче на секое дете со што им овозможија на децата да се дружат и да уживаат во новогодишната атмосфера во просториите на нашата градинка.