ДестинацијаКонтактFacebook    

Изложба од хуманитарен карактер


Во рамки на „Детска недела“ беше одржана Изложба од хуманитарен карактер од креативните рачиња на седумгодишната Алина Мемеди од Тетово.

Цртежите беа изложени во нашата градинката. Посетителите имаа можност да одберат цртеж и да донираат за лекување на децата од  Детска клиника - Онкологија - Скопје.

На изложбата присуствуваа Проф. Др. Светлана Коцева - доктор на Детска онкологија, Стојка Н. Фуштиќ директорка на Детска клиника и Министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Гостите проследија кратка приредба во изведба од децата на ЈУДГ „Детска радост“.

Хуманоста ja учиме од мали нозе.