ДестинацијаКонтактFacebook    

Хуманитарна ликовна изложба


ЈУДГ„Детска радост“, објектот „Мимоза“ денеска беше местото каде што во духот на одбележување на детската недела, беше одржана хуманитарна ликовна изложба.

Од креативните рачиња на седумгодишната Алина Мемеди од Тетово, беа изработени најразлични уметнички дела. Посетителите имаа можност да одберат цртеж и донираат за лекување на децата од Детска клиника-онкологија.

Дека хуманоста хуманост создава се потврди и од одлуката на Алина и нејзините родители , кои средствата од цртежите ги пренаменија за децата од онкологија.

Децата и родителите од градинката Мимоза, денеска приредија музичка и театарска претстава, со цел да го подржат овој хуман настан.

Уште еден хуман гест е тој на Наташа Поповска - авторка на сликовници, од чија продажба средствата се наменети за Детската клиника - Детска кардиологија. Ова е втора нејзина сликовница, и за првата сите средства биле наменети за деца од Детска клиника.

Ајде заедно да градиме едно похумано општетство!