ДестинацијаКонтактFacebook    

КАЛИНКА


Објектот Калинка

се наоѓа на ул. „Ѓемиџиска“ б.б. во населбата Железара и е наменски изграден објект од тврда градба во употреба од 1985 година. Опфаќа корисна површина од 1454,13m2 и дворна површина од 3213,00m2. Има сегашен капацитет за згрижување на 191 дете (капацитет по протоколи за работа во услови на пандемија со Ковид 19 е 102 деца). Во објектот ќе бидат опфатени деца од осум месеци до поаѓање на училиште распоредени во осум воспитни групи од кои две јаслени групи од 8-24 месеци и 6 воспитни групи од 2-6 години.