МИСИЈА
Детството на децата да го направиме поубаво и повесело. Со многу доверба и внимание, со љубов и почитување на детските права, со негување и поттикнување на детскиот развој, да ги пораснеме децата во здрави личности подготвени за живот.
ВИЗИЈА
Да бидеме градинка во која со целата своја професионалност ќе им овозможи на децата безбедна, содржински богата и стимулативна средина за игра учење и развој. Градинка која преку партнерски однос со родителите, стручните лица и локалната заедница, ќе придонесе секое дете да се чувствува сакано, почитувано, охрабрено да го развие својот потенцијал, градинка која ќе ја негува почитта кон различностите.
ЦЕЛ
Да се биде дел од нечија идна биографија значи на најдобар начин да се оствари нашата хумана цел во сегашните и идни генерации во градинката.
СТРАТЕГИЈА
Остварување на програмските задачи преку планирање и организирање на едукативна и стимулативна средина во која постепено преку организиран систем на содржини ги обликуваме младите генерации во племенити и хумани личности.
МОТО
Куќа на среќно детство.