ТЕМЈАНУШКА
Објектот Темјанушка Темјанушка 1 се наоѓа на ул. „Јани Лукровски“ бр. 6 во населбата Автокоманда и е наменски изграден објект од тврда градба во употреба од 1964 година. Опфаќа корисна површина од 604,41 m2 и дворна површина од 1750,00m2. Има проектиран капацитет за 100 деца (капацитет по протоколи за работа во услови на пандемија со Ковид 19 е 75 деца). Во објектот ќе бидат опфатени деца од две години до поаѓање на училиште распоредени во пет воспитни групи од 2-6 години. Темјанушка 2 се наоѓа на ул. „Јани Лукровски“ бр. 6 во населбата Автокоманда и е наменски изграден објект од тврда градба во употреба од 1978 година. Опфаќа корисна површина од 400,00 m2 а ја користи истата дворна површина со објектот Темјанушка 1. Има проектиран капацитет за 30 деца (капацитет по протоколи за работа во услови на пандемија со Ковид 19 е 12 деца). Во објектот ќе бидат опфатени деца од осум месеци до две години распоредени во две јаслени групи.