МИМОЗА
Објектот Мимоза се наога на ул. „Бапчор“ бр. 2 во населбата Автокоманда и е наменски изграден објект од тврда градба во употреба од 1972 година. Опфаќа корисна површина од 1532,12 m2 и дворна површина од 1222,88m2. Проектиран капацитет за опфат на деца е 150 деца (капацитет по протоколи за работа во услови на пандемија со Ковид 19 е 90 деца). Во објектот ќе бидат опфатени деца од две години до поаѓање на училиште распоредени во шест воспитни групи. Овој објект овозможува добри, современи услови за престој на децата.