СОНЧОГЛЕД
Објектот Сончоглед се наоѓа на ул. „Јани Лукровски“ бр.4 во населбата Автокоманда и е наменски изграден објект од тврда градба во употреба од 1979 година, а истиот во 2010 година е реновиран и е енергетски ефикасен. Опфаќа корисна површина од 1200,00m2 и дворна површина од 3600,00m2 . Има проектиран капацитет за опфат на 200 деца (капацитет по протоколи за работа во услови на пандемија со Ковид 19 е 108 деца). Во објектот ќе бидат опфатени деца од осум месеци до поаѓање на училиште распоредени во девет воспитни групи од кои две јаслени групи од 8-24 месеци и 7 воспитни групи од 2-6 години.