ДестинацијаКонтактFacebook    

За Нас


Јавната установа за деца - Детска градинка „Детска Радост“ - Општина Гази Баба - Скопје претставува јавна воспитно-образовна институција која организира згрижување, престој, нега, исхрана воспитно образовни, спортско – рекреативни, културно - забавни активности на деца од осум месеци до поаѓање на училиште. Градинката своите програмски цели и задачи ги реализира согласно законските одредби:

  • Уставот на Република Македонија,
  • Законот за заштита на децата,
  • Програмата за рано учење и развој ,
  • Стандарди за рано учење и развој кај децата од 0 до 6 години,
  • Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца,
  • Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата,
  • Министерството за труд и социјална политика, 
  • Министерството за образование и наука,
  • Бирото за развој на образованието,
  • Општината Гази Баба, 
  • Научните и стручни институции.

Периодот на раното детство е период на најинтензивен развој  во кој детето брзо се развива, квалитативно се менува и стекнува особини на социјално суштество. Искуствата  кои детето ги стекнува во предучилишниот период оставаат длабок печат на тоа што понатаму ќе му се случува на детето во понатамошното образование и во животот воопшто. Тоа е период кога се формираат основните квалитети на личноста,а на чие формирање може да се влијае со континуирано и планирано воспитно-образовно влијание.
Умешноста да се препознаат потребите на децата, да им се понудат и пренесат знаења на соодветен начин, приспособен на нивните развојни и возрасни карактеристики ќе претставува предизвик за реализирање на воспитно-образовната програма на градинката. Градинката Детска Радост и оваа програмска година ќе понуди  програма преку која децата ќе ја развиваат и усовршува моториката,  ќе го  развиваат и збогатуваат говорот и нивното сознајно искуство, ќе создавааткултурно хигиенски и работни навики, а децата ќе ја  задоволуваат својата потреба за игра и дружење со врсници. Кај децата ќе се настојува да се поттикнува креативноста, аналитичко и критичко мислење, решавање проблеми и развој на емоционалната интелигенција.

Градинката ќе претставува значајна поддршка на семејството во згрижување, воспитување и поттикнување на раниот развој кај децата и ќе остане отворена за соработка со родителите и пошироката општествена средина.